Свет Самоубиствен напад против Курдите во Сирија, 11 загинати

Самоубиствен напад против Курдите во Сирија, 11 загинати

Најмалку 11 луѓе, поголемиот дел припадници на курдските сили за безбедност, беа убиени денес во самоубиствениот бомбашки напад на главниот штаб на курдските сили во североисточниот сириски град Камишили, јави невладината Сириска опсерваторија за човекови права.

Сириската новинска агенција „Сана“ исто така извести за нападот и наведе дека биле убиени 12 луѓе, а дека повредени се 50.

Директорот на Опсерваторијата, Абдел Рахман, навел дека во нападот биле убиение 11 лица, меѓу кои 10 припадници на курдските безбедносни сили и еден цивил, а дека повредени се 14 цивили. Рахман додал дека курдските сили го блокирале и индустрискиот дел на градот.

Прпадници на курдската полиција која ја протера екстремистичката група Исламска држава од градовите Кобане и Тал Абјад, на границата со Турција, се покажале како едни од најефикасните во борбата против екстремистите кои заземаа големи дело од ирачката и сириската територија.