Свет Самоубиствен напад на пазар во Сомалија, убиени 18 лица

Самоубиствен напад на пазар во Сомалија, убиени 18 лица

Најмалку 18 лица загинаа, а 25 се повредени во експлозија на пазар во западниот дел на сомалискиот главен град Могадишу.

Според зборовите на полицискиот службеник Мохамед Хусеин, силна експлозија, за која се верува дека ја предизвикал автомобил-бомба, уништила бројни продавници и тезги.

Хусеини изјави дека бројот на загинатите би можел да порасне со оглед на тоа дека дел од повредените се здобиле со многу тешки повреди.

За сега ниту една група не презема одговорност за нападот, но можно е да станува збор за радикалната група „Ел Шабаб“ која често изведува ваков вид на напади во Сомалија.