Македонија Само во листите на ВМРО-ДПМНЕ немало грешки

Само во листите на ВМРО-ДПМНЕ немало грешки

ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија чии кандидатски листи ги потврди ДИК на денешната седница затоа што поднесени биле неопходните документи, а биле запазени и сите формалности за шесте изборни единици.

ДИК констатираше дека двете други партии, Народно движење и Социјалдемократска партија, доставиле кандидатски листи со низа неправилности.

Во листите нема соодветна застапеност на жените, нема симбол на партиите, потврда за неосудуваност, изјавите не се потпишани и нема потврда за регистрација на партијата.

ДИК ќе побара од подносителите на листите да ги отстранат неправилностите во рок од 48 часа.
Ако партиите не го сторат тоа, нема да имаат можност да учествуваат на изборите.