Свет Европа Самит за бегалците и за борба против тероризмот

Самит за бегалците и за борба против тероризмот

Во Брисел денеска почнува дводневен самит на шефови на влади на ЕУ, на кој главна тема ќе биде бегалската криза, заштитата на границите на ЕУ и борбата против тероризмот.

Исто така, на иницијатива на германската канцеларка Ангела Меркел, денеска ќе биде одржан и спореден самит за распределба на бегалците во Европа, на кој ќе учествуваат земји што примиле најголем број бегалци, меѓу кои се Австрија, Шведска и Грција.

На самитот ќе учествува и Турција, а ЕУ се надева дека Анкара ќе го запре бранот бегалци.