Свет Свет Самит посветен на бегалската криза ќе се организира во ОН, в понеделник

Самит посветен на бегалската криза ќе се организира во ОН, в понеделник

Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) ќе организира самит посветен на бегалската криза во седиштето на ОН во Њујорк на 19 септември, в понеделник.

На самитот ќе се разговара за стратегијата за дејствување на државите на интернационално ниво, во врска со овој глобален проблем.

На овој настан ќе присуствуваат и претставници од Меѓународната организација СОС Детско село, за да се презентираат добри практики за работа со бегалците, посебно со децата и како оваа организација дејствувала за време на бегалската криза.

Една од клучните пораки ќе биде почитување на децата и детските права, без разлика на статусот на нивните родители.