Економија Саемот за градежништво ќе се одржи од 1 до 5 март

Саемот за градежништво ќе се одржи од 1 до 5 март

Саемот на градежништво ќе се одржи од 1 до 5 март на Скопски саем, каде ќе се нудат и продаваат производи и услуги за работа, одржување, модернизирање, реновирање и за опремување објекти и имоти.

Бројот на изложувачи и оваа година ја достигна бројката од 100 директни компании, респоредени во три саемски хали. Целта на годинешниот саем на градежништво е да го задржи овој динамичен пораст, а за изложувачите и за посетителите да претставува најдобра платформа од интерес во овој сектор.

Во рамките на Саемот на градежништво 2016, во „Метрополис арена“ по шести пат ќе се одржи и Саемот за недвижности и инвестиции „Риал експо“ (RealExpo), каде што ќе се претстават повеќе од 300 компании.

Двата саеми се очекува да ги посетат 15.000 посетители.