Македонија Саем за вработување во Струмица

Саем за вработување во Струмица

Ќе бидат преставени повеќе од 40 компании

Саем за вработување, на кој ќе бидат преставени повеќе од 40 компании, ќе се одржи денеска во Струмица.

На саемот ќе се обрати директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, а излагања и презентации ќе имаат и дел од компаниите што се учеснички на саемот.