Дописници Саем за кариера во Штип

Саем за кариера во Штип

Домот на млади во Штип е домаќин на Саемот за кариера под наслов „ Биди мотивиран – успеј во сонот“. Саемот е дел од проектот за стекнување работни вештини за вработување кај младите (Мрежа ЈЕС), поддржан од УСАИД.

Се очекува вмрежување на претставниците на бизнис-секторот, социјалните партнери, училиштата, факултетите, Центарот за вработување, Централниот регистар, ученици во завршната година од средно образование и на млади невработени.

На саемот се очекува младите да ја збогатат својата мрежа на професионални контакти, а ќе имаат можност директно да им поставуваат прашања на присутните претставници на компаниите.

Од друга страна, претставниците на приватниот сектор ќе имаат можност да ги претстават своите услуги и производи, да направат кратка презентација за она што го покриваат и со што се занимаваат и каков вид занимања и профили планираат за во иднина.