Свет Свет САД подготвени да распоредат воена опрема во Источна Европа

САД подготвени да распоредат воена опрема во Источна Европа

Пентагон би можел да распореди тенкови, оклопни транспортери и друго тешко оружје за околу 5.000 војници во неколку балтички и источноевропски држави, за одбрана од евентуална агресија од Русија, пишува американскиот весник „Њујорк тајмс“.

Повикувајќи се на американски и на сојузнички функционери, весникот наведува дека доколу предлогот биде одобрен, тоа ќе биде првпат по завршувањето на Студената војна, Вашингтон да распореди тешко вооружување во новите членки на НАТО, кои некогаш беа дел од советскиот блок.

Предлогот, според информациите на весникот, би требало да биде одобрен пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО, закажан за овој месец, во Брисел.

Како што наведува весникот, опремата би требало да биде распоредена во Литванија, Летонија, Естонија и во Полска, Романија, Бугарија и, можеби, во Унгарија.