Свет САД предвреме ослободуваат 6.000 затвореници

САД предвреме ослободуваат 6.000 затвореници

САД предвремено ослободиле околу 6.000 затвореници за да ја намалат пренатрупаноста на затворите, објавија американските медиуми.

На слобода ќе бидат пуштени и тие што се осудени на подолга затворска казна поради продавање дрога. Масовното пуштање е едно од најголемите досега и ќе се врши од 30 октомври до 2 ноември, откако Американската комисија за помилување препорачала скратување на казните за идните осуди за продавање дрога, пишува „Њујорк тајмс“.

Таквата препорака би можела да доведе до предвремено ослободување на околу 46.000 лица, пишува „Вашингтон пост“.
Некои од затворениците кои ќе бидат ослободени веќе имаат одлежано во затвор повеќе од една деценија, а според податоците на министерството за правосудство, новата мерка ќе значи дека просечниот затворски стаж на дилерите на дрога ќе биде осум и пол години, наместо десет и пол.

Третина од предвремено ослободените се странски државјани и тие ќе бидат депортирани.

Во американските затвори има 2,2 милиони затвореници, а тоа е околу 25 отсто од вкупната затворска популација во светот.