Свет САД: Полицаец од Феникс уби невооружен Афроамериканец

САД: Полицаец од Феникс уби невооружен Афроамериканец

Полицаец од американскиот град Феникс, Аризона, застрела 34-годишен невооружен Афроамериканец, за кој се сомневал дека е наркодилер.

Како што соопшти полицијата, инцидентот се случил на 2 декември. Полицаецот (белец) побарал Ремејн Брисбен да ги испразни џеновите, а кога Афроамериканецот тргнал да го изврши барањето, 30-годишниот полицаец го застрелал бидејќи му се причинило дека во џебот има пиштол.

По претресот на возилото на убиениот, наводно, се пронајдени марихуана и автоматски пиштол.

Веднаш по објавувањето на инцидентот, стотици Афроамериканци вчера излегоа да протестираат на улиците на Феникс, барајќи да се соопшти името на полицаецот и тој да биде изнесен на суд.

Последниот инцидент беше причина за обновување на протестите во неколку градови во САД, кои почнаа откако Големата порота ослободи полицаец кој летоска со 12 куршуми уби невооружен Афроамериканец.