Свет САД наскоро ќе објави план за ослободување на Рака од ИД

САД наскоро ќе објави план за ослободување на Рака од ИД

Американскиот министер за одбрана Еш Картер денеска изјави оти планот за опколување на Рака, главното упориште на Исламска држава во Сирија, наскоро ќе биде направен и оти продолжуваат преговарите со Турција за нејзината улогата во понатамошниот развој на ситуацијата.

– Планираме наскоро таму да испратиме сили кои би биле способни да го опколат градот Рака – рече Картер на прес-конференција.

Тој додаде дека САД ги продолжуваат преговорите со Турција за конечно преземање на Рака, како и за можната улога на Турција во понатамошниот развој на ситуацијата.