Свет Свет САД, Јапонија и Јужна Кореја ја засилуваат размената на информации

САД, Јапонија и Јужна Кореја ја засилуваат размената на информации

Водечките воени претставници од САД, Јужна Кореја и од Јапонија договорија засилена размена на информации и координирани безбедносни напори поради засилување на севернокорејските нуклеарни и ракетни закани.

По вчерашниот состанок во Вашингтон, шефовите на одбраната на трите земји издале заедничко соопштение во кое се оценува дека четвртиот нуклеарен тест и неодамнешното лансирање на ракета со долг домет, кое го изврши Пјонгјанг, претставуваат директно кршење на резолуцијата на ОН и „сериозна провокација насочена против меѓународната заедница“.

Воените претставници се согласиле цврсто да одговорат на акциите на Северна Кореја со „трилатерална размена на информации“ и со „понатамошна соработка кога станува збор за безбедносните прашања за да се подобрат мирот и стабилноста во регионот“.