Свет САД ја утврдуваат автентичноста на аудиоснимката на Ал Багдади

САД ја утврдуваат автентичноста на аудиоснимката на Ал Багдади

САД се обидуваат да ја утврдуваат автентичноста на аудиоснимката на која наводно се слуша лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади.

– Запознаени сме со случајот со аудиоснимката на која наводо се слуша Абу Бакр ал Багдади и преземаме чекори за да го истражиме. Иако немаме причина да сомневаме во нејзината автентичност, во овој момент немаме официјална потврда – велат извори од разузнавањето на САД.

Снимката што ја објави Исламска држава преку новинската агенција „Ал Фуркан“, поврзана со џихадистите, е прва снимка од Ал Багдади од ноември 2016 година.

На снимката лидерот на ИД ги напаѓа „неверните држави на чело со САД, Русија и Иран“, кои со своите сојузници им нанеле загуби на џихадистите за време на одвоени борби против ИД во Сирија и во Ирак.

Снимката е објавена откако имаше шпекулации дали Ал Багдади е жив или убиен и откако ИД изгуби поголем дел од територијата која ја контролираше во Ирак и во Сирија.