Свет Свет САД ја укинаа забраната за внесување електронски уреди на летовите од Турција

САД ја укинаа забраната за внесување електронски уреди на летовите од Турција

Тримесечната забрана за внесување електронски уреди на летовите од Турција кон САД е укината денеска, јави приватната турска новинска агенција „Доган“.

Како што јавува агенцијата, турскиот авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ утринава примил патници со електронски уреди на летот од Истанбул за Њујорк.

САД претходно ја укинаа забраната за внесување лаптоп-компјутери и таблет-уреди за патниците на авиокомпанијата „Етихад ервејз“ кој лета од Абу Даби, престолнината на Обединетите Арапски Емирати.

Забраната беше воведена откако американските разузнавачки служби добија информации дека Исламска држава се обидува да изработи бомби кои би можеле да се скријат во електронски уреди.