Свет САД испраќаат специјални сили во Сирија

САД испраќаат специјални сили во Сирија

Соединетите Американски Држави (САД) имаат намера да испратат специјални единици во Сирија, кои ќе им помагаат на антивладините бунтовници во борбата против Исламска држава (ИД), изјавиле високи владини службеници на САД за „Би-Би-Си“.

Во регионот, според информациите, ќе бидат распоредени „помалку од 50“ специјални единици.

Висок службеник на администрацијата на САД за „Би-Би-Си“ рекол дека ова не значи дека САД ја менуваат стратегијата во Сирија.

Специјалците на САД и досега имаа акции против милитантите на ИД, но ова ќе биде првпат американски трупи официјално и отворено да дејствуваат на сириско тло.