Свет Свет САД и Турција се подготвени за воено решавање на кризата во Сирија

САД и Турција се подготвени за воено решавање на кризата во Сирија

Американскиот потпретседател Џо Бајден изјави денеска дека Вашингтон и Анкара се подготвени за воено решавање на кризата во Сирија, доколку не се постигне политички договор.

– Знаеме дека е подобро ако се постигне политичко решение, но ако тоа не е можно, подготвени сме по воен пат да ја отстраниме Исламска држава – изјави Бајден на прес-конференција во Истанбул.

По средбата со турскиот премиер Ахмет Давутоглу, американскиот потпретседател изјави дека тие двајца разговарале за тоа дека САД и Турција, како членки на НАТО, ќе продолжат да ги помагаат бунтовничките сили на сунитските Арапи во борбата против сирискиот претседател Башар ал Асад.