Свет Европа САД и ЕУ укинуваат дел од санкциите кон Белорусија

САД и ЕУ укинуваат дел од санкциите кон Белорусија

САД синоќа, веднаш по ЕУ, објави дека укинува одредени санкции кон Белорусија како знак на признание на ослободување на политичките затвореници.

– Во координација со Европската унија, САД ги ублажи санкциите против девет белоруски компании, имајќи го предвид позитивниот потег на белоруската влада, која на 22 август ослободи шест политички затвореници – изјави Џон Кирби, портпарол на Стејт департментот.

Кирби ги повика властите во Минск на понатамошни потези што ќе ја подобрат состојбата во смисла на човековите права и на демократијата.

ЕУ претходно соопшти дека в сабота ќе ги суспендира санкциите кон Белорусија на четири месеци, вклучувајќи ги и тие против авторитарниот белоруски претседател Александар Лукашенко, исполнувајќи го на тој начин ветеното според кое, ќе се награди сè што ќе се протолкува како отворање на државата кон Европа.