Свет Свет САД ги намалија средствата кои им ги доделуваат на ОН

САД ги намалија средствата кои им ги доделуваат на ОН

САД соопштија дека го намалуваат придонесот во буџетот на Обединети нации за повеќе од 285 милиони долари за фискалната 2018-19 година. Намалувањето ќе се однесува на управувањето и поддршката на ОН.

Американската амбасадорка при ОН, Ники Хејли вчера изјави дека „неефикасноста и претераното трошење на ОН се добро познати“ и додаде дека САД нема да дозволи да се искористува „великодушноста на американскиот народ или трошењето да биде неконтролирано“.

Хејли наведе дека станува збор за историска одлука и претставува „голем чекор во добар правец“ за зголемување на ефикасноста на ОН.

Одлуката за намалување на учеството на САД во буџетот на ОН следи откако Генералното собрание на ОН усвои резолуција со која се осудува одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел.