Свет САД директно го предупредиле Израел за дејствијата на Западен Брег

САД директно го предупредиле Израел за дејствијата на Западен Брег

САД го известиле Израел дека наметнувањето на израелскиот суверенитет на Западниот Брег ќе воведе криза во односите со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти денеска израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман.

– Добивме директна порака, не индиректна и не навестување од САД. Наметнувањето на суверенитет во Јудеја и во Самарија ќе значи непосредна криза во односите со новата администрација – рече Либерман.

Јудеја и Самарија се библиски термини за Западниот Брег.

Либерман реагираше на интервјуто на пратеникот Мики Захар од партијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, во кое тој ја отфрла идејата за палестинска држава и се залага за „решение со една држава“, во која Палестинците би имале израелско државјанство.