Главна секција Руското МНР нема коментар за насилствата од 27 април, кои биле „антинатовски...

Руското МНР нема коментар за насилствата од 27 април, кои биле „антинатовски митинг“

Министерството за надворешни работи на Русија нема никаков коментар во врска со притворањето на 36-мина осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, меѓу кои и шестмина пратеници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Ова денеска го соопшти портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, прашана „за коментар за ситуацијата во Македонија, каде што кон крајот од минатата недела имаше апсења на претставници на опозицијата, кои во април оваа година учествуваа во организирање митинзи против НАТО, односно за вмешаност во инцидентот во Собранието“.

– Во овој поглед, немам никаква реакција. Можам да проверам со експертите. Ако има нешто, ќе ве известам – рече Захарова во кусиот одговор на прашањето во рамките на редовниот неделен брифинг на руското МНР.