Свет Европа Руските сили ја бомбардираат Одеса, преговорите продолжуваат утре без средба на лидерите

Руските сили ја бомбардираат Одеса, преговорите продолжуваат утре без средба на лидерите

Фото: Министерството за внатрешни работи на Украина

Руските сили утрово ја нападнаа Одеса, а екплозии го разбудија градот. Локалните власти потврдиле дека градот бил нападнат од воздух и дека дел од проектилите биле соборени од воздушната одбрана. Уште од шест часот утрината во градот се забележувале пожари на неколку места во близина на едно од главните пристаништа во Одеса и складиште за гориво. Како што пишува дописникот на Вашингтон пост, руски проектили ја погодиле нафтената рафинерија, од каде се гледале темни облаци чад.

Во меѓувреме, главниот руски преговарач Владимир Медински соопшти дека преговорите со Украина ќе продолжат утре, но нема услови за средба на двајцата претседатели, Володимир Зеленски и Владимир Путин. Медински изјави дека ставот на Москва за статусот на Крим и Донбас останува непроменет.