Свет Руски авиони бомбардирале 60 позиции на ИД во Сирија, убиени двајца команданти

Руски авиони бомбардирале 60 позиции на ИД во Сирија, убиени двајца команданти

Авиони на руската армија во изминатите 24 часа бомбардирале вкупно 60 позиции на милитантите на Исламска држава, при што, како што е соопштено, биле убиени двајца команданти на ИД и околу 200 екстремисти, јавуваат светските агенции.

Како што соопштил заменик-началникот на генералштабот на руската војска, Игор Макушев, руските авиони денеска имале 67 летови и гаѓале 60 позиции на џихадистите во Сирија, во провинциите Рака, Хама, Идлеб, Латакија и Алеп.

Според Макушев, во нападите било уништено упориштето на групата Лива ал-хак, кое било погодено со прецизни бомби, а според пресретната комуникација, во воздушните напади загинале двајца команданти на ИД и околу 200 екстремисти.