Македонија Руската војска извршила 104 напади за 24 часа во регионот Запорожје

Руската војска извршила 104 напади за 24 часа во регионот Запорожје

Нападнати биле повеќе населени места во регионот со над 80 артилериски напади, а во воздушен напад биле употребени 22 беспилотни летала.

Фото: Укринформ

Руската војска гранатирала 22 населени места во регионот Запорожје, во Украина, во текот на изминатото деноноќие. Како што информираат украинските медиуми регистрирани се 104 напади, а уништени се станбени згради и инфраструктурни објекти.

Нападнати биле повеќе населени места во регионот со над 80 артилериски напади, а во воздушен напад биле употребени 22 беспилотни летала.

Руските трупи, во последните 24 часа нападнале и 25 населени места и во источниот украински регион Харков, користејќи артилерија, минофрлачи и авиони. Ранет бил еден човек и била причинета материјална штета, информираше Олех Синиехубов, шеф на воената администрација во регионот, пренесува Укринформ.

Кон украинскиот регион Херсон се случиле 37 напади со минофрлачи, артилерија, ракетни фрлачи, авиони и беспилотни летала во кои руските напаѓачи истрелале 92 гранати.