Свет Балкан Руската авијација по грешка убила тројца турски војници во Сирија

Руската авијација по грешка убила тројца турски војници во Сирија

Тројца турски војници денеска по грешка биле убиени, а 11 се ранети при воздушен напад на руската авијација врз позиции на Исламска држава во северниот дел на Сирија, соопшти турската армија.

Инцидентот го потврди и официјална Москва. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, соопштил дека рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговарал со својот турски колега, Реџеп Таип Ердоган, и изразил жалење и сочувство поради инцидентот, пренесува „Раша тудеј“.

Од турската армија соопштиле дека и двете страни го истражуваат случајот.

Инаку, одностите меѓу Турција и Русија се подобрени, по нивното заладување во 2015 година, кога беше соборен руски воен авион поради навлегување во воздушниот простор на Турција.