Македонија Руската амбасада шеговито најави засилено влијание во Македонија за празниците

Руската амбасада шеговито најави засилено влијание во Македонија за празниците

Амбасадата на Русија во Македонија „предупреди“ дека земјава за време на новогодишните празници ќе биде под зголемено „руско влијание“, шеговито алудирајќи на „руската салата“ како традиоционална храна на трпезите за новогодишните празници.

„Внимание! Во претстојните денови се прогнозира забележително зголемување на #РускоВлијание на целата територија на #Македонија и пошироко. #РускаСалата“, напишаа на „Твитер“ од руската амбасада во Македонија.

Во коментарите под твитер-објавата, од руската амбасада објаснуваат дека, руската салата на овие простори доаѓа пред речиси еден век, најверојатно, заедно со првите руски доселеници, околу 1920 година.