Свет Свет Русија стави вето на резолуцијата за Сребреница

Русија стави вето на резолуцијата за Сребреница

Русија стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации, во која масакрот во Сребреница, за време на војната во Босна и Херцеговина, е окарактеризиран како геноцид, јавува „Би-Би-Си“.

Како што пренесува британскиот национален сервис, четворица членови на Советот гласале воздражано, а другите гласале за резолуцијата.

Документот за кој денеска расправаше Советот за безбедност на ОН беше предлог на Велика Британија.

Предлог-резолуцијата ги налути српските власти, кои минатата недела побараа од Русија да стави вето на документот.

Убиството на 8.000 муслимани, мажи и момчиња, од страна на војската на босанските Срби во 1995 година во Сребреница е најтешкиот масакр во Европа извршен по Втората светска војна.