Свет Балкан Русија од Црна Гора бара референдум за влез во НАТО

Русија од Црна Гора бара референдум за влез во НАТО

Москва забележува дека црногорската јавност е поделена во врска со прашањето за приклучување кон НАТО и повика на референдум за влез во Северноатлантската алијанса, соопшти денеска портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на денешниот брифинг за медиумите.

– Ситуацијата во Црна Гора е тешка. Говориме за внатрешна политичка криза која ја следат народни протести. Значи постои длабока поделба на црногорската јавност, пред сè, во врска со членството на земјата во НАТО. Сметаме дека луѓето во Црна Гора треба да го изразат својот став за ова прашање на референдум. Тоа ќе биде манифестирање на демократија на која ние повикуваме – вели Захарова.

Црна Гора на самитот на НАТО доби покана за членство во воениот сојуз.