Свет Свет Русија не го прифаќа соопштението од ОН за изборите во Источна Украина

Русија не го прифаќа соопштението од ОН за изборите во Источна Украина

Европските лидери и посочија на Русија дека не ги признаваат резултатите од изборите

Јуриј Сергејев, украинскиот амбасадор во Обединети нации, изјави дека Русија се спротиставила на соопштението на Советот за безбедност при ОН, во кое се критикуваат изборите што се одржаа во Донецк и во Луганск на истокот на Украина.

Во предлог-текстот на Литванија пишува дека изборите се одржани во спротивност на мировниот договор од Минск, што беше потпишан во септември.

Европските лидери ù посочија на Русија дека не ги признаваат резултатите од изборите во Источна Украина, а генералниот секретар Бан Ки-Мун минатата недела изрази жалење поради изборите, бидејќи Русија објави дека ќе го признае исходот.