Подглавна секција Русија лансирала 13 беспилотни летала, 10 биле соборени во регионите на Харков,...

Русија лансирала 13 беспилотни летала, 10 биле соборени во регионите на Харков, Киев и Суми

„Противавионски ракетни единици, опрема за електронско војување беа вклучени во одбивањето на воздушниот напад“, соопштија претставници на воздухопловните сили

Фото: Укринформ

Шефот на украинските воздухопловни сили, денеска изјави дека Русија во текот на ноќта лансирала 13 беспилотни летала Шахед во Украина, од кои 10 биле соборени во регионите Харков, Суми и Киев, пренесе „Гардијан“.

„Противавионски ракетни единици, опрема за електронско војување беа вклучени во одбивањето на воздушниот напад“, рече Микола Олешчук.

Во меѓувреме, украинската морнарица тврди дека потопила или онеспособила една третина од сите руски воени бродови во Црното Море за нешто повеќе од две години војна.

Дмитро Плетенчук од украинската морнарица, соопшти дека најновиот напад во саботата вечерта, го погодил рускиот брод „Костиантин Олшански“, кој бил закотвен на пристаништето во Севастопол на Крим. Бродот бил украински пред да биде заробен од Русија во 2014 година.