Македонија Рот на Димитров му ја потврдил германската поддршка за македонските евроинтеграции

Рот на Димитров му ја потврдил германската поддршка за македонските евроинтеграции

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска во Берлин се сретнал со Михаел Рот, државен министер надлежен за Европа во Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Во соопштението од МНР се вели дека Димитров го информирал Рот за тековните активности и за предвидената динамика за имплементација на реформите во насока на исполнување на неопходните критериуми за почеток на преговорите за членство на земјата во Европската Унија и влез во НАТО.

Министерот Рот изразил задоволство од досегашниот напредок на реформскиот процес и политиките на Владата во функција на заживувањето на македонските евроинтеграции.

– Сакаме Македонија да биде успешна приказна и во 2018-та година – изјавил Рот кој ја потврдил германската поддршка во исполнувањето на европските приоритети и заложбите за интегрирање во ЕУ и НАТО.