Свет Балкан Романскиот парламент не изгласа недоверба за премиерот

Романскиот парламент не изгласа недоверба за премиерот

Романскиот парламент не ѝ изгласа недоверба на владата на Виктор Понта, кому му се суди за затајување данок, перење пари, судир на интереси и за давање лажни изјави во време кога работел како адвокат, во 2007 и во 2008 година.

Опозицијата не успеа да присобере доволно поддршка за смена на владата.

Неколку илјади луѓе се собраа во паркот пред парламентот во Букурешт извикувајќи „Долу влада“ и „Срам сте за Романија и за Европската унија“.

Понта, кој ги отфрли сите обвиненија, тврди дека економската ситуација во Романија се поправила за време на неговиот мандат и оти оставката би придонела за политичка нестабилност.