Македонија Рочиштето за екстрадицијата на Грујевски и Бошковски одложено за 26 април

Рочиштето за екстрадицијата на Грујевски и Бошковски одложено за 26 април

Рочиштето на кое Врховниот суд во Атина одлучува по жалбата за одлуката на Солунскиот суд за екстрадиција на поранешниот началник во УБК Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски е одложено за 26 април.

Денешното рочиште, како што јави дописникот на МИА од Атина, беше прекинато поради правни прашања.

По барање на адвокатите, рочиштето за жалбата по одлуката на Судот во Солун за екстрадиција на Грујевски и Бошковски, денеска во Врховниот суд во Атина се одржуваше зад затворени врати, а така ќе биде и на наредното рочиште.