Дописници Рибокрадци фатени со пет мрежи и со 12 килограми белвица

Рибокрадци фатени со пет мрежи и со 12 килограми белвица

Полицијата на дело фати и приведе четворица рибокрадци на плажата кај хотел „Белви“, синоќа околу 19.30 часот, во водите на Охридското Езеро.

Полициски службеници ги затекнале лицата Б.Б., Р.Б., С.Б. и З.Ц. при излегување од водата.

Во чамецот се пронајдени и привремено се одземени 117 парчиња риба белвица, со вкупна тежина од 12 килограми, и пет рибарски мрежи. Одземен бил и металниот чамец.

Лицата се приведени во полициска станица.