Свет Републиканецот Кевин Мекарти избран за претседател на Претставничкиот дом

Републиканецот Кевин Мекарти избран за претседател на Претставничкиот дом

Фото: https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Martha_McSally_and_Kevin_McCarthy_-_Jan_2020_02.jpg

Кевин Мекарти, член на Републиканската партија во САД, денеска беше избран за претседател на Претставничкиот дом во Конгресот, по неколкудневни преговори и неуспешни гласања во најдолгата битка за оваа позиција во последните 164 години. За да ја оствари победата, Мекарти мораше да направи серија отстапки на барањата на  конзервативното крило во партијата, потег што остави незадоволство кај умерените членови на партијата.

Мекарти беше избран на функцијата по 15 круга гласање со мнозинство од 216 пратеници за и 212 против, откако по 14 круг гласање изби инцидент, а гласањето требаше да се одложи за идната недела.

Мекарти е претставник на Калифорнија и претходно беше лидер на малцинствата во Претставничкиот дом. Тврдото крило на републиканците, поддржувачи на поранешниот претседател Доналд Трамп, го обвинуваат Мекарти дека е мек и премногу отворен за компромиси со претседателот Џо Бајден и демократите, кои го контролираат Сенатот.