Култура Репризното издание на „Скопје синема сити“ во Кинотека на Македонија на 2...

Репризното издание на „Скопје синема сити“ во Кинотека на Македонија на 2 и 3 февруари

Филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“ (Skopje Cinema City), во рамките на т.н зимско издание (Winter Edition) ќе репризира дел од филмовите од претходното, премиерно издание во 2017.

Репризите на проекциите ќе се одржат на 2 и 3 февруари во Кинотека на Македонија. Зимското издание е прв од четирите филмски настани што се планирани да се случат оваа година во различни периоди.

„Скопје синема сити“, преку својата платформа, има за цел да претставува разни музички теми и програми кои истовремено ќе едуцираат и ќе забавуваат.