Свет Европа Ренци денеска ќе поднесе оставка

Ренци денеска ќе поднесе оставка

Италијанскиот премиер Матео Ренци најави дека вечерва во 19 часот ќе поднесе оставка. Ренци во понеделникот вечерта му ја понуди својата оставка на италијанскиот претседател Серџо Матарели, по поразот што го претрпе во неделата на референдумот за уставните промени кои ги предложи.

Матарели тогаш го замоли Ренци оставката да ја одложи и да остане на премиерската позиција додека парламентот не го усвои буџетот за 2017 година, за да спречи на 1 јануари на сила да стапат вонредните финансиски прописи, соопшти кабинетот на италијанскиот претседател.

Италијанските медиуми најавуваа дека буџетот би можел да биде усвоен во петокот, но тоа се случи денеска, два дена порано.

Италијанскиот премиер на прес-конференција во Рим, по објавувањето на резултатите од изборите, рече дека презема целосна одговорност за убедливиот пораз на референдумот.