Економија Рекорден пад на цената на нафтата

Рекорден пад на цената на нафтата

Цената на нафтата денеска е на најниско ново во последните шест и пол години поради зголемувањето на нејзиното производство и загриженоста за забавување на економијата на Кина, најголемиот потрошувач на енергентот.

Американската сирова нафта падна на 41,35 долари за еден барел, што е најниска цена од почетокот од 2009 година, кога светската економија беше погодена од финансиска криза и од рецесија.

Цената на нафтата е во пад од 10 јули, кога изнесуваше 61,43 долари за еден барел.

Главната причина за падот на цената е зголеменото производство во САД и во Канада, како и очекувањето дека иранската нафта наскоро ќе се врати на пазарот. Од друга страна, овонеделната девалвација на кинеската валута ја зголеми загриженоста за забавениот економски пораст во земјата.