Македонија Регистрирани се 889 нови случаи на ковид-19, пријавени се 10 починати лица

Регистрирани се 889 нови случаи на ковид-19, пријавени се 10 починати лица

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во периодот на изминативе 3 дена, од 12 до 14 август, направени се 2.095 тестови, а регистрирани се 889 нови случаи на ковид-19, и тоа најмногу во: Скопје – 390, Битола – 75, Прилеп – 43, Кавадарци – 40 и Охрид – 37.
Од вкупниот број позитивни случаи на ковид-19, регистрирани се 199 реинфекции.
Во текот на изминатите 3 дена пријавени се 7 починати лица, од: 3 починати лица од Скопје (81г, 84г и 90г) и по едно починато лице од Велес (85г), Охрид (82г), Струга (72г) и Крива Паланка (91г). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин се регистрирани 3 починати лица и тоа од Радовиш (76г), Кочани (70г) и Струмица (81г), две лица се починати во домашни услови, е едно лице е починато во болнички услови. Лицата се пријавени за починати во период од 28.07 до 01.08.2022година.
Во изминатово деноноќие регистрирани сe 1.228 оздравени пациенти од ковид-19.
Досега во земјата се направени вкупно 2.136.393 тестирање на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 335.451, бројот на оздравени пациенти е 322.468, на починати е 9.424, а бројот на активни случаи на ковид-19 во моментов изнесува 3.559.