Македонија Регистрирани нови 628 случаи со корона вирус, 15 пациенти се починати, а...

Регистрирани нови 628 случаи со корона вирус, 15 пациенти се починати, а 531 оздравени

Фото: Арбнора Мемети

Во последните 24 часа се направени 2.236 тестирања, а регистрирани се 628 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-353, Куманово-33, Штип-13, Прилеп-36, Тетово-33, Струга-11, Велес-34, Битола-28, Охрид-17, Кавадарци-7, Гостивар-7, Струмица-20, Крива Паланка-6, Радовиш-2, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Берово-2, Виница-1, Делчево-4, Свети Николе-6, Кичево-6, Ресен-1, Неготино-2, информираат од Министерството за здравство.

Активни случаи и натаму има најмногу во Скопје (3.551) и тоа во општините: Аеродром (661), Карпош (541), Центар (508) Гази баба (460) и Кисела вода (432).

Од Министерството за здравство соопштија дека починати се 15 лица, седум пациенти од Скопје (76,63,84,82,75,80 и 85г), тројца пациенти од Велес (41, 86 и 57), двајца пациенти од Гевгелија (60 и 51г), еден од Ресен (70г), еден од Делчево (59г) и еден пациент од Охрид (87г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 531 оздравени пациенти од: Скопје-281, Куманово-18, Дебар-12, Штип-6, Прилеп-9, Тетово-31, Струга-4, Велес-9, Битола-15, Охрид-8, Кавадарци-9, Гостивар-11, Гевгелија-10, Струмица-14, Крива Паланка-12, Радовиш-3, Кочани-15, Пробиштип-1, Пехчево-2, Берово-9, Валандово-2, Виница-6, Делчево-31, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-7, Неготино-2.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти, каде вкупно се хоспитализирани 152 пациенти. Нема нема пациенти на механичка вентилација, а на кислородна поддршка се 110 пациенти.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 8 деца и 10 позитивни мајки, 3 деца и 3 мајки суспектни на ковид-19.
Во ГОБ „8 Септември“ има 2 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор е 1 пациент.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 72, а во болницата во Штип се 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија и Кавадарци се хоспитализирани 304 позитивни и сомнителни на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 27.827, а бројката на оздравени пациенти е 19.479. Починаа  949 лица, а бројот на активни случаи изнесува 7.399.