Главна секција Регистрирани нови 39 случаи со Ковид-19 и двајца починати во изминативе 24...

Регистрирани нови 39 случаи со Ковид-19 и двајца починати во изминативе 24 часа

Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство информира дека во последниве 24 часа часа се регистрирани 37 новиот случаи со Ковид-19, две починати лица, и 15 излекувани пациенти – 6 пациенти од болничко лекување и 9 кои се се лекуваа во домашни услови.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починал пациент од Скопје на возраст од 66 години и во ГОБ „8 септември“ – Скопје, пациент од Штип на возраст од 83 години, и двајцата со претходни коморбидитети.

Од 37-те новорегистрирани заразени, бројките по градови се следниве:
Скопје-8, Куманово-9, Прилеп-5, Тетово-3, Велес-3, Охрид-8, Кочани-1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во земјава изнесува 1.207. Од нив, во Скопје се регистрирани вкупно 409, во Куманово 329, во Прилеп 117, во Тетово и во Струга по 55, во Велес 58, во Дебар 51, во Штип 32…

Во изминатото деноноќие направени се 314 теста, односно досега во земјавва се направени вкупно 11.870 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во Скопје, примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 55, од кои 17 се на кислородна поддршка, а 5 се на механичка вентилација.