Здравје Регистрирани 957 нови случаи на ковид, 45,5 отсто од тестираните се позитивни

Регистрирани 957 нови случаи на ковид, 45,5 отсто од тестираните се позитивни

Фото: Annie Spratt on Unsplash

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.100 тестови, а регистрирани се нови 957 случаи на ковид-19. Во прцент Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 210 реинфекции. Регистрирани сe и 616 оздравени пациенти.

„Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица од Штип (71г) и Струга (91г), двете лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“ не се регистрирани починати лица“, информираат во министерството.

Досега во земјата се направени вкупно 2.110.711 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 324.382, бројот на оздравени пациенти е 310.377, на починати е 9.361, а бројот на активни случаи изнесува 4.644.