Македонија Регистриран 721 нов случај на ковид-19 од 3.816 тестирања, починале 7 лица

Регистриран 721 нов случај на ковид-19 од 3.816 тестирања, починале 7 лица

Автор: Арбнора Мемети

Според податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа, Министерството за здравство информира дека од направени 3.816 тестирања, регистрирани се 721 нов случаj на ковид-19 во: Скопје – 334, Прилеп – 56, Кавадарци – 52, Неготино – 34, Велес – 26, Охрид – 24, Битола – 23, Куманово –22, Тетово – 18, Струмица – 16, Гевгелија – 15, Крива Паланка – 14, Гостивар – 13, Струга – 10, Богданци – 9, Кичево и Делчево – по 8, Крушево – 7, Штип – 6, Кочани и Ресен по 5, Свети Николе – 3, Дебар, Пробиштип, Виница, Валандово и Кратово – по 2, Берово, Демир Хисар и Пехчево – по 1.

Оздравеле 171 пациенти од: Скопје – 71, Кавадарци – 20, Прилеп –18, Куманово – 14, Тетово – 12, Велес – 6, Кочани – 5, Гевгелија и Битола – по 4, Штип, Струмица и Неготино – по 3, Гостивар и Кратово – по 2, Ресен, Охрид, Делчево и Валандово по 1.

Пријавени се вкупно 7 починати лица. Починати пациенти се, по 2 од Скопје (68г,81г) и по еден пациент од Тетово (49г), Прилеп (73г), Струмица (76г), Кочани (72г) и Делчево (43г). Сите се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 519.985 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 102.482, на оздравени пациенти е 91.066, на починати е 3.126, а бројот на активни случаи изнесува 8.290.