Здравје Регистрирани 554 нови случаи на ковид-19, починаа 17 лица на возраст од...

Регистрирани 554 нови случаи на ковид-19, починаа 17 лица на возраст од 33 до 92 години

Рентгенска снимка на бели дробови на пациент заболен од ковид-19 со пневмонија | Фото: Hellerhoff, CC BY-SA 3.0, Викимедија комонс

Во последните 24 часа регистрирани се 554 нови случаи на ковид-19 од 4.072 направени тестови, а починале 17 лица на возраст од 33 до 93 години, информира Министерството за здравство.

Најголем дел од новозаболените се од Скопје – 309, потоа од Куманово – 44, Велес и Прилеп – 20, Тетово, Битола и Кавадарци – 17, а во останатите градови има помал број на случаи.

Регистрирани сe 891 оздравени пациенти, најмногу од Скопје – 360, потоа од Охрид – 132, Струга – 105, Куманово и Струмица – по 42.

Досега во земјата се направени вкупно 1.258.133 тестирање на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 187.622, бројката на оздравени пациенти е 168.700, на починати е 6.489, а бројот на активни случаи изнесува 12.433.