Македонија Регистрирани 473 нови случаи на ковид-19, пријавени 13 смртни случаи

Регистрирани 473 нови случаи на ковид-19, пријавени 13 смртни случаи

Д-р Аналиса Силвестри, анестезиолог во болницата Сан Салваторе во Песаро, Италија | Фото: Alberto Giuliani, CC BY-SA 4.0, на Wikimedia Commons

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа во земјава се направени 3.146 тестови за ковид-19, а утврдени се 473 нови случаи. Повеќе од половината од нив се во Скопје, односно 255 случаи, а вториот град по Скопје е Битола, со 31 нов случај.

Од вкупниот број на позитивни (473), регистрирани се 74 повторно заразени пациенти.

Регистрирани сe 775 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 6 починати лица: По едно починато лице од Прилеп (89г), Кочани (85г), Штип (80г), Охрид (71г), Велес (85г) и Кичево (71г). Сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза „ковид-19“ од Мој Термин, дополнително се пријавени 7 починати лица од: Скопје (2), Битола (2), Крива Паланка (1), Штип (1) и Гевгелија (1). Починатите лица се на возраст од 58г. до 84г. Починати се во период од 10.02. до 23.02.2022. Од починатите лица, 2 се починати во болнички услови, а 5 лица во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица (13), кај 11 лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјава се направени вкупно 1.886.706 тестирања на ковид-19 а утврдени се 296.703 случаи. Бројот на оздравени пациенти е 283.411, на починати е 8.994, а бројот на активни случаи изнесува 4.298.