Македонија Референдумот во Богданци е успешен, гласале 61 отсто од запишаните гласачи

Референдумот во Богданци е успешен, гласале 61 отсто од запишаните гласачи

Излезноста на референдумот во Општина Богданци е 61 процент, велат од Општинската изборна комисија. Неофицијално, најголемиот број од гласачите гласале против отворање на рудници на територијата на општината и за стопирање на изградбата на рудникот за бакар Казандол.

Право на глас имаа околу 7.000 жители, кои гласаа на 12 избирачки места.

На референдум за рудникот Казандол ќе излезат и жителите на Дојран на 18 јуни, а постапка за организирање референдум во тек е и во Валандово.