Економија Ре/Макс, една од најголемите светски компании за недвижности, ќе работи и на...

Ре/Макс, една од најголемите светски компании за недвижности, ќе работи и на нашиот пазар

Фото: Влада

Ре/Макс, една од најголемите, најреномирани и најуспешните компании, ќе го професионализира пазарот со недвижнини и во Северна Македонија и ќе воведе меѓународни стандарди во купувањето, продавањето и изнајмувањето на недвижности во земјава. Ова било договорено при средбата на вицепремиерот Фатмир Битиќи, со потпретседателите на Ре/Макс за Европа, Курт Лукас и Адриан Бури, за време на неговата службена посета на Швајцарија, информираат од Владата.

Со влезот на оваа компанија во Северна Македонија, државава ќе биде ставена на меѓународната карта за недвижности, што во пост-ковид ситуацихата, ќе значи раздвижување и отворање на пазарот за недвижности и на економијата, се вели во владиното соопштение.

Ре/Макс е американска интернационална компанија за недвижности со повеќе од 6 илјади канцеларии ширум светот. Првите разговори и донесувањето на одлуката за проширување на нејзиното работење во нашата земја, беше во март 2020, но поради ковид пандемијата, сега, по скоро една година пауза, се донесе одлука за започнување  со работа.