Дописници Развој на туризмот со „Курајчко сретсело“

Развој на туризмот со „Курајчко сретсело“

Селото Куратица, на дваесетина километри од Охрид, почна со реализација на проектот „ Курајчко сретсело“.

Тој се реализира во рамките на програмата за поддршка на локалниот економски развој на Општина Охрид.

Се адаптира еден постар селски руиниран објект, на кој се поставува нов покрив, се уредува простор со скара и со шанк кој ќе служи за сите манифестации, а се внимава и на зачувувањето на селската автентичност.

Вкупната вредност на проектот изнесува 130.000 денари, од кои 70 отсто (100.000 денари ) ги обезбедува Општина Охрид, преку секторот за туризам и локален економски развој, додека 30 отсто е учество на месната заедница од селото Куратица.

Со реализација на проектот ќе се подобри реализацијата на василичарските и карневалски манифестации во селото, спортска натпреварување, што сè заедно ќе значи привлекување на поголем број домашни и странски посетители во Куратица.