Хроника Разбојници украле пари и цигари од продавница во Скопје

Разбојници украле пари и цигари од продавница во Скопје

Синоќа, околу 22.30 часот, две непознати лица извршиле разбојништво во продавницата „Агровита-мак“ на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, од која однеле плен во вредност од околу 10.000 денари.

Како што информираат од полицијата, разбојниците со нож ѝ се заканиле на вработената и одзеле 2.300 денари и стотина кутии цигари.

Полицијата засега нема осомничени лица и работи на расветлување на случајот.