Хроника Разбојник однел 3.000 евра од клуб за игри на среќа во Скопје

Разбојник однел 3.000 евра од клуб за игри на среќа во Скопје

Маскиран разбојник, вооружен со пиштол, синоќа од автомат-клуб за игри на среќа во Скопје однел околу 182.000 денари или околу 3.000 евра, соопшти полицијата.

Според полициските информации, разбојникот околу 21.20 часот влегол во автомат-клубот, инаку подржница на гевгелиската фирма „Д Слотс“, им се заканил на вработените со пиштолот, а потоа зел еден од нив, го однел до работниот пулт и му наредил да ми даде парите од касите.

Полицијата засега нема осомничен за разбојништвото и работи на негово пронаоѓање.